За англиска верзија кликнете на знаменцето лево

istorijatOrganizacijaPredstavnikPesniza makedonija

Како дел од својата промотивна турнеа изминатиот викенд Елена Ристеска престојуваше во Истанбул Турција. Беше гостинка на Турската националната телевизија TRT ...

Повеќе ...   

На покана од МТВ девојките од групата “Treble” кои се преставнички на Холандија на Евровизија 2006, беа во посета и на нашата земја ...

Повеќе ...   

Со задоволство би сакале да Ве информираме дека Елена Ристеска имаше успешна медиумската презентација во Атина ...

Повеќе ...   
Дознај повеќе околу овогодинашната евровизија што ќе се случува во Атина - Грција
Дознај Повеќе
 
 
 

НАЧИН НА ГЛАСАЊЕ

 
Победничката композиција ќе биде избрана по пат на телефонско гласање (телевоутинг), кое МРТ целосно ќе го препушти на Македонски телекомуникации и на двата мобилни оператори (Мобимак и Космофон), тие меѓусебно да ги регулираат техничките услови за негова реализација. Во врска со можноста за ограничување на бројот на повици при гласањето и од фиксната и од мобилната телефонија, МРТ и Македонски телекомуникации се договорија Македонски телекомуникации во рок од 10 дена да ја извести МРТ, но и да гарантира дека таквиот систем е можен и сигурен. Доколку МРТ ја добие оваа гаранција при гласањето ќе се примени ограничување на бројот на повиците од фиксната и од мобилната телефонија, а бројот на максимум повици ќе биде јавно и навремено објавен со соопшение, и на финалното шоу. Збирниот центар на гласовите ќе биде сместен во Македонски телекомуникации, а МРТ на ТВ екраните јавно ќе ја истакне цената за телефонските јавувања, а од наведените компании ќе обезбеди 20 различни телефонски броеви што ќе завршуваат на цифрите од 01 - 20.

Согласно сугестиите на ЕБУ, МРТ од главниот национален телефонски оператор ќе бара јасно означување на почетокот и на крајот на телефонското гласање; гаранција дека телевоутингот нема да предизвика прекин на сервисот за итни повици и дека телевоутингот и пребројувањето треба да завршат за 10 минути. МРТ ќе обезбеди и физичко присуство на претставници на авторските тим во збирниот центар за време траење на телевоутингот. Предлог на авторските тимови е да имаат свои претставници и во Мобимак и во Космофон и во Македонски телекомуникации.

По примерот на ЕБУ, но само поради евентуелна било каква вонредна состојба при гласањето, МРТ ќе состави резервно жири.
Резервното жири ќе гласа на следниов начин:

ќе се бодуваат десет песни (од исполнетите 20) со 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 10 и 12 поени. Секој член гласа одделно на посебни формулари. Резултатите од гласањето на секој член од жирито се чуваат во затворен плик.
вкупниот збир на поените од формуларите на 9-те члена на резервното жири ќе го дадат победникот на националниот избор.

Избор со резервно жири ќе се изврши и во случај ако резулатот од телевоутинг е изденачен, со тоа што членовите на жирито ќе гласаат само за двете песни кои добиле ист број на гласовии при што гласањето (според укажувањата на ЕБУ за таква ситуација) се врши со кревање на рака. Не е дозволено воздржување од гласањето при ваквиот начин на гласање.

Само во случај на користење на резервното жири, МРТ се обврзува да ги соопшти имињата на членовите на резервното жири, но не и начинот на кој што гласале.

Победник на националниот евросонг е композицијата со најмногу гласови добиени од телефонското гласање или во вториот случај, композицијата со најмногу поени од резервното жири.

Сите инволвирани страни во врска со одржувањето и текот на Националниот натпревар за избор на Песна за Евровизија (радиодифузерот-домаќин, учесниците, новинарите и.т.н.) треба коректно, професионално и чесно, без тендеции за клевети или скандали да креираат тимска атмосфера и чуство за заедничка цел - што подобро претставување на Македонија на европскиот Евросонг.