ОД 2005 ГОДИНА

ЕВРОСОНГ 2005 УКРАИНА

Украина беше земја - домаќин на 50 издание на манифестацијата ЕВРОСОНГ, на која учествуваа 40 земји.Спектаклот се одржа во Киев на 19 и 21 мај 2005.Според пропозициите ,14 земји (вклучувајќи ја и земјата домаќин)директно се најдоа во финалето.

Телевизискиот настан го пренесуваше украинскиот национален радиодифузер НТУ.Нашата земја ја претставуваше Мартин Вучиќ со Make my day и успеа да се пласира во финалето.

Хелена Папризу со My number one беше победник на 50 издание на Изборот за песна на Евровизија.