ОД 56 ДО 59 ФОДИНА

Иако многу пати беше на мета на „отровните стрели “ на европската музичка јавност, често пати контрадикторен, долго време непризнаен од речиси сите американски музички институции, популарниот ЕВРОСОНГ остана единствена музичка манифестација која ги обединува сите земји-членки на Европската радиодифузна организација.

ВИНОВЕН Е San Remo (1956)

Некаде во 1956-та година кога Европа се уште се извлекуваше од пепелта на Втората Светска Војна, речиси во сите европски земји се отворија национални ТВ центри. Оние земји кои беа посиромашни, немајќи доволно квалитативни и квантитативни ресорси за продуцирање на добра програма за потребите на своите канали ги здружија силите со побогатите и помоќните земји од Европа , кои пак најдоа начин како да си ги скусат трошоците за своите скапи програми. Во тоа време, техничките достигнувања беа на таков степен да не се ни сонуваа сателити, а видео - касетите беа вистинско богатство. Единствен излез и за богатите и сиромашните Тв центри беше групирање во еден заеднички систем - Евровизија. Таа европска ТВ групација им овозможуваше на своите членки размена на сите типови телевизиски програми особено музички , кои впорчем беа и главниот повод да се организира овој пан-европски музички хепенинг.

Прво па сомнително

После сите претходни подготовки и после очигледниот успех на Италијанскиот „trade - mark “ фестивал San Remo, во 1956 год. во Лугано, Швајцарија, каде што впрочем е и седиштето на EBU ( European Boroadcasting Union - Европска Радиодифузна Организација ), се одржа првиот Евросонг. За таа пригода се пријавија 7 земји ( Швајцарија, Холандија, Белгија, Германија, Франција, Италија и Луксембург), но поради тој мал број на кандидати, организаторот, Швајцарската Национална ТВ одлучи секоја земја да има по 2 претставника. Правилото кое беше многу строго и кое важи и во денешни услови, велеше дека секоја песна не смее да трае повеќе од 3 мин. и не смее да биде претходно емитувана на некој електронски медиум или објавена под други име.
Следствено на тоа, EBU одлучи секоја земја да испрати по dvajца судии кои ќе гласаат тајно, толку тајно што до ден денес не се публикувани нивните „гласови“. Во тоа време, државната ТВ станица на Луксмебург се соочуваше со тешка финанскиска криза и едноставно немаше средства да испрати свои dvajца судии. Затоа го замолија организаторот, Швајцарската Национална Тв , таа да определи дополнителни dvajца судии кои ќе гласаат во името на Луксембург, задржувајќи ги правата што би им следеле на нивните судии. Прв победник на Евросонг-от беше вториот претставник на Швајцарија, пеачката Lys Assia која ја отпеа песната Refrain, што не беше големо изненадување со оглед на фактот што во тој момент Швајцарија имаше ~etvoriца судии!. Од друга страна пак, американската музичка јавност тотално го игнорираше овој натпревар кој од година во година прераснуваше во спектакл, повикувајќи се во доцните 60-ти години, на фактот, што дури и најславните британци Beatles-ите и Rolling Stones-ите го критикуваа овој собир на музичари од Европа.

ГЕРМАНИЈА (1957)

Многумина од тогашното раководство на EBU не беа задоволно од конечните случувања на првиот Евросонг па веднаш и ги прекршија своите правила што го беа етаблирале само една година порано. Имено според тогашните, а и сегашните пропозиции домаќин на Евросонгот е онаа земја која била победничка во претходната година, но сепак Швајцарија не беше домаќин на втората ануелна манифестација, а на нејзино место се „уфрли“ второпласираната земја од 1956 год. - Германија. На 3-ти Март 1957 година во Fранкфурт на Мајна (Германија), се одржа вториот Избор на Песна на Евровизија кој беше „побогат“ за уште 3 земји - членки на EBU. Трудољубивите германци правеа големи напори за да ги убедат останатите членки на EBU дека требаат да учествуваат на овој Евросонг, што резултираше со дополнителното пријавување на Белика Британија,кои испратија песна која траеше помалку од 2 мин.кој беше применет во Швајцарија, организаторите и EBU направија уште еден „бисер“ - дозволија секој судија да гласа за број на изведувачи по сопствен избор , но со одреден лимит - секоја песна може да добие само 1 поен. Вкупно 10 судии од 10 земји гласаа по сопствена проценка, а конечниот резултат велеше дека победник е холандскиот претставник Corry Brokken и песната Net als toen.

ГОДИНА НА Domenico Modugno (1958)

На 12-ти Март 1958 година во Хилверзум , Холандија се одржа 3-от Евросонг, кој остана запаметен по неколку моменти. Таа година Lys Assia, првиот победник на Евросонгот, учествуваше по 3-ти пат последователно, Шведска за првпат се појави на овој музички собир, а гордите британци незадоволни од претходниот пласман, се повлекоа од манифестацијата, така што бројот на учесниците остана непроменет. Главно изненадување беше италијанскиот претставник, подоцна легенда на италијанската канцона - Domenico Modugno кој ја отпеа песната Nel blu dipinto di blu, подобро позната под насловот Volare. Иако го освои само 3-то место, Domenico Modugno го искористи тој Евросонг како отскочна штица кон светската музичка сцена. Песната Volare стана огромен европски хит, се пееше и емитуваше повеќе и од победниокот на таа година - французинот Andre Claveau и песната Dors, mon amour.
Благодарејќи на големото италијанско лоби во С.А.Д., песната Volare успеа да се пробие и на американскиот пазар, па дури на Domenico да му ја донесе престижната награда Grammy за најдобра песна во 1958 год. Неговата кариера се развиваше во повеќе насоки, зашто тој беше и актер и шоумен а подоцна и политичар...се до неговата смрт во 1994 год.

ПРОМОЦИЈА НА МОНАКО (1959)

Благодарение на победата на Andre Claveau, французите го организираа изборот во 1959 год. кој се одржа на 11-ти Март во големата Фестивалска Сала во Кан . Со оглед на тогашните политички прилики, францускиот организатор, под голем притисок на челниците на EBU, му дозволи на малата држава-град Монако да земе учество на 4-от Евросонг. Националната ТВ станица на Луксембург, во тоа време се уште имаше финансиски проблеми па се откажа од учеството, со што бројот на конечни учесници беше 11. Принципот на гласање беше потполно ист како и претходната година, не беше промовирано некое позначајно музичко име, а Domenico Modugno повторно ја претставуваше Италија. Со освоени 21 поен, претставникот на Холандија Teddy Scholten кој ја отпеа песната Een beetje и ја донесе втората победа на својата земја. Иако пропозициите стриктно предвидуваа дека Холандија ќе биде следниот организатор на Евросонгот, сепак EBU, по чудни околности, одлучи организатор на 5-от Евросонг да биде Велика Британија.