ОД 60 ДО 63 ГОДИНА

Колку и да постојат докази за некакви нечесни активности, во доцните 50-ти и раните 60-ти години на изминатиот век, тие беа вешто прикривани од страна на челниците на Евросонгот, се со цел кревката европска музичка индустрија да добие еден силен извор на потенцијални хитови кои и тоа како ќе бидат конкурентни на американскиот музички пазар.
Под неверојатни и чудни околности организатор на Евросонгот во 1960 год. беше Велика Британија, иако претходната година Холандија беше таа која освои најмногу поени во финалната вечер.

ВТОРА ПОБЕДА(1960)

На 25-ти Март 1960 год. во Лондон се одржа 5-от последователен Избор за песна на Евровизија. Британскиот национален дифузер ( BBC ), кој и во тоа време важеше за ТВ центар со најсовремена техника и извонредни кадри, го организираше финалето неверојатно технолошки високо ниво. Шест камери на една локација , во тоа време само пуст сон за многу национални ТВ компании, луксузна сцена, беспрекорна организација беа моментите на кои се сеќаваат некои од тогашните учесници. Британците вложуваа напори да привлечат, што е можно повеќе, нови земји учесници, а сето тоа резултираше со повторно учество на Луксембург и прв настап на Норвешка на овој музички спектакл. Принципот на бодување беше индентичен како оној од 1959 година, а со 32 освоени бода, тогаш 22 годишната, Jacqueline Boyer од Франција, победи со песната Tom Pillibi. EBU, се обиде да зголеми бројот на учесниците. Бившата СФР Југославија, заедно со Финска и Шпанија, за првпат го почувствуваа „вкусот“ на Евросонгот, кој и таа 1961 година ги запази гласачките правила од изминатите години. Беше ангажирано 10 члено жири кое имаше право да даде по еден глас на една ( или повеќе ) песна која (кои) според нивната субјективна проценка заслужува(ат) да застанат на победничкиот трон. Љиљана Петровиќ беше претставник на словенечкото ТВ студио, и со 8 освоени бода , Југославија се ппасираше на 9-та позиција. Претставникот на Луксмебург, Jean-Claude Pascal кој ја пееше песната Nous les amoureux, освои 31 поен кои беа доволни за да и овозможи на својата земја идната, 1962 година, да го организира Изборот за песна на Евровизија.

НОВ СИСТЕМ НА ГЛАСАЊЕ (1962)

На 18-ти Март во местото Венју, Луксембург, под патронат на EBU, се одржа 7-от Евросонг. Таа година, по трети пат, беше променет начинот на бодување. Имено, секоја земја имаше по еден свој претставник-судија, кој се наоѓаше во матичното студио на својата национална ТВ компанија, и кој , за да може да ги соопшти своите гласови, беше телефонски поврзан со салата во Луксембург. На овој Евросонг беа промовирани неколку имиња кои подоцна направија посериозни кариери на во локални и пошироки рамки. Италијанецот Claudio Villa, кој го освои деветтото место, го искористи овој Евросонг за понатамошан успешна кариера во италијаснки рамки, а истото го направија и претставникот на тогашна СФР југославија, Лола Новаковиќ и Ronnie Carroll, кој ги бранеше боите на Велика Британија. Вистински куриозитет се случи таа година, кога 4 земји ( Белгија, Шпанија, Австрија и Холандија ) ја „запоседнаа“ последната позиција со подеднаков број на освоени бодови - 0, а Франција реализираше „хет-трик“ - 3 -та победа на 7 одржани Евросонг натпреварувања. Името на пеачката која освои 26 поени беше Isabelle Aubret која ја отпеа песната Un premier amour.

СКАНДАЛОЗНАТА 1963-та

Благодарение на големите телевизиски капацитети и на фактот што само пред 2 години (1961), Евросонгот се одржа во Кан, Франција, EBU, во договор со Франција, одлучи организацијата на 8-от избор за песна на евровизија да и се додели на Велика Британија. Главни обележја на тој избор беа воведувањето на нов начин на бодување и 2 големи скандали. Од таа година, националните судии кои беа сместени во домашните ТВ студија, по пат на телефонски линии, гласаа за 5 нумери кои ги бодуваа на следниов начин : најдобрата песна добиваше 5 поени и последователно, обратнопропорционално, петтата песна добиваше 1 поен. Првиот и главен скандал беше поврзан со организаторот на приредбата, Британскиот национален дифузер, BBC. Имено, заради апсолутно нерационални причини, водителот и публиката беа сместени во едно , додека изведувачите и оркестарот во сосема друго, изолирано студио. Сосема разбирливи беа реакциите и сомнежите на многу земји учеснички дека сите тие настапи на оркестарот и изведувачите можно е да бидат однапред снимени, со што ќе се наруши правилото за премиерна изведба на песните на самата приредба. А вториот скандал се случи во моментот на гласање, кога презентерот Katie Boyle го повика норвешкото студио. Сиот Тв аудиториум и оние кои беа во салата можеле јасно да го чујат бодувањето на Норвешка: 5 поени за Велика Британија, 4 за Италија, 3 за Швајцарија, 2 за Данска и 1 поен за Германија. Кога заврши гласањето на сите Тв студија, јасно беше дека Швајцарија , со 42 поени, ќе го освои првото место, додека Данска ќе остане на втората позиција со 40 поени. Пред да настапи официјално сумирање на поените, водителката ги повика повторно сите студија за финална потврда на нивните резултати. Изгледаше дека ќе биде само формалност да се прогласи Швајцарија за победник на овој Евросонг, но Норвешка се погрижи тоа да не се случи. При повторното повикување на норвешкото студио, за потврда на нивните претходно објавени поени, Норвешка ги повтори бодовите по следниов редослед : 5 поени за Велика Британија, 4 за Данска, 3 за Италија, 2 за Германија и 1 поен за Швајцарија. Тоа значеше дека Данска е победник со 42 , пред Швајцарија која освоила 40 поени. Публиката во салата реагираше бурно, отворено покажувајќи ги своите симпатии кон {вајцарскиот претставник, израелката Esther Ofarim. Сомнително беше и тоа што водителката Katie Boyle воопшто не реагираше на оваа безобѕирна измама, инсинуирајќи дека станува збор за некое сценарио, кое сепак било претходно подготвено. Тој Евросонг ќе биде запаметен по фактот дека за првпат „проработе“ принципот за „размена на поени“ помеѓу соседни земји, или пак земји кои имаа поблиски релации меѓу себе. Швајцарскиот претставник, Израелката Esther Ofarim, 5 години подоцна, во дует со својот сопруг - Abi Ofarim, се искачи на врвот на англиската топ листа со песната Cinderella Rockafella, докажувајќи deka навистина била случајна жртва на еден претходно, добро организиран , план за победа на една скандинавска земја. Европската Радиодифузна Унија, поради тој скандал, претрпе огромен срам и понужавања од сите релевантни музички и политички субјекти во Европа, но сепак Dансkа беше организатор на наредниот Евросонг.