ОД 72 ДО 74 ГОДИНА

Британскиот град Единбург беше домаќин на 17-от последователен Избор на Песна на Евровизија, натпревар кој под чудни околности беше организиран во Англија. Обидувајќи се да дојдат до трофејот , напоредно со ангажманот на реномираните британски музички имиња, Британците ги активираа сите знаени и незнаени лоби-системи и групации , кои требаа да им го „чистат “ патот до толку посакуваниот трофеј.

ПРОМОЦИЈА НА ПРЕЗИМИЊА (1972)

Според сите релевантни документи, благодарение на EBU , која на само нејзе познат принцип на Британија и го додели организирањето на Евросонгот во 1972 година, британскиот национален радио дифузер ( BBC) направи вистински музички спектакл. Бројот на земјите учеснички беше еднаков со оној од претходната година, а самиот фестивал промовираше неколку изведувачи кои набргу потоа направија помали или поголеми кариери на локално или европско ниво. Таа година англиски претставник беше групата New Seekers која само 3 месеци пред Евросонгот беше 4 недели на врвот на англиската сингл листа со песната " I'd like to teach the world to sing ". Во тоа време, 24 годишната пејачка Vicky Leandros, која дебитираше на овој натпревар во 1967 година под името Vicky, повторно настапи за Луксембург и ја пееше својата втора евросонговска песна - " Apres toi ". Втор настап имаше и претставничката на екс-Југославија, Тереза Кесовија, која пак под името Тереза дебитираше во 1966 година, кога ги бранеше боите на Монако. Системот на гласање остана идентичен со оној од претходната година, а после сумирањето на резултатите конечниот редослед беше следен: Со 128 осовоени поени претставникот на Луксембург, Vicky Leandros, го завзеде првото место, додека повторно втори беа Британците New Seekers кои освоија 14 поени помалку.

ПРВ НАСТАП НА ИЗРАЕЛ (1973)

Благодарение на грчката пејачка, главниот град на Луксембург беше домаќин на 18-от Евросонг, кој успеа да „привлече“ еден нов учесник - Израел, кој пак, заради заладените политички односи со Австрија и Малта, беше директна причина за нивна апстиненција од тој натпревар, а со тоа вкупниот збир на земји-учеснички се сведе на 17. Израел доживеа вистинска европска музичка промоција на својот карактеристичен музички звук и јазик , што впрочем беше потврдено и со одличното 4-то место на нивниот претставник Ilanit. Покрај него дебитираше и едно од најголемите солистички имиња од просторите на некогашна Југославија - „босанецот“ Здравко Чолиќ. Композицијата која ја отпеа на тој Избор на Европесна, „Гори Ватра“, не беше некој поголем европски хит, но пак затоа беше почеток на неговата ЈУ кариера. Одличен настап имаше и шпанскиот секстет Mocedades кому му недостасуваа 4 поени за да се изедначи со првопласираната нумера. Само 2 поен помалку од второпласираните шпанци имаше Британецот Cliff Richard кој по вторпат ја претставуваше Велика Британија на Изборот на песна на Евровизија. Благодарение на гласањето на израелското жири претставникот на Луксембург, пејачката Anne Marie David, со 129 поени го освои првото место и нормално повторната организација на Евросонгот. Историјата почна да се повторува и тогашните први луѓе на Европската Радио Дифузна Организација ( EBU ) „проценија“ дека, во интерес на манифестацијата, најдобро е следниот Евросонг да се одржи во Велика Британија. Дрскоста на EBU беше во толкави размери што таа одлука , за неприродното дислоцирање на Евросонгот беше соопштена нешто помалку од еден месец пред самото одржување на 19-то издание на фестивалот. Незадоволна од оваа одлука, вечните и лути ривали на Британија,Франција, одлучи да го бојкотира тој натпревар и го повлече својот претставник, пејачката Dani која требаше да ја отпее песната "La vie a vingt-cinq ans".

ЕКСПЛОЗИЈА НАРЕЧЕНА ABBA (1974)

Градот Брајтон, на 6-ти Април 1974, беше домаќин на 19-от Евросонг, на кој се собраа 17 европски претставника. Повторно дојде до смена на бодниот систем, кој за таа прилика беше вратен на принципот 3-2-1 последователно за најдобрите 3 песни според субјективното мнение на секој судија одделно. Овој датум , како резултат на победата на шведскиот квартет ABBA , е регистриран во аналите на шведската музика како роденден на шведскиот поп звук. Agneta, Anni-Frid, Bjorn и Benny беа локални, шведски музички хероји, кои вистински ја искористија удадената шанса. Benny и Bjorn членуваа во групата The Hep Stars и имаа 2 минорни хита, додека Agneta беше успешна шведски солист. Благодарение на одличната композиција „Waterloo“, комплетно новиот имиџ за тоа време ( светкави чизми со високи потпетици), и генијалната интерпретација, кваретот ABBA освои 24 поени кои беа доволни за успех на тој Избор на песна на Евровизија. Веднаш зад нив, како второпласирана беше италијанската пејачка која во 1964 година победи на Евросонгот - Gigliola Cinquetti. Отпеа одлична нумера, песната „Si“, која 2 месеци подоцна беше реиздадена за англиското говорно подрачје и која беше преименувана во „ Go ( Before you break my heart) “. Истотот тоа, само еден месец порано , го стори и најуспешниот „мешан“ ( машко-женски ) квартет на сите времиња, групата ABBA, кога во Мај 1974 година ја реиздадоа песната „Waterloo“ која тогаш беше изведена со англиски текст. Британците беа претставувани од , тогаш, 26 годишната англичанка израсната во Австралија - Olivia Newton-John, конторверзната пејачка, која беше позната по своите љубовни афери со луѓето од музичкиот еснаф. Само неколку месеци претходно, на сосема нерационален начин, таа ја освои Grammy наградата за најдобар женски вокал, иако за тогашниот американски пазар имаше издадено само една песна! Контроверзната Olivia го „дрмаше“ и Евросонгот, особено со фактот дека на тој музички „панаѓур“ пристигна благодарение на нејзините приватни контакти со еден од водечките британски музичари - Cliff Richard. Песната со која настапи на тој фестивал, Long Live Love, беше оригинално изведена од Sandie Shaw, со што фактички беше прекршено правилото за прва, оригинална изведба на песната на самиот фестивал. Под силен притисок поради тој момент, Olivia Newton-John катастрофално ја отпеа гореспоменатата песна, предизвикувајќи смеа во преполната сала во Брајтон, но, и покрај сите аномалии и неправилности во однос на нејзината нумера, таа го завзеде 4 -то место.
Одличен настап имаше и југословенскиот претставник, Корни Група, предводена од генијалниот Корнелије -Бата Ковач, која на крајот мораше да се задоволи со 12-та позиција.