ОД 75 ДО 78 ГОДИНА

Сигурно е дека 1974 година година ќе биде запаметена како година на најголемиот пораз на британската музичка индустрија. Иако традиционално конкурираа со најзвучни музички имиња, поддржани од силното лоби во седиштето на Европската Радио Дифузна Организација ( EBU ), Британците никако не успеваа да се искачат на победничкиот трон.

ПОДЕМ НА ЕВРО-ПОП МУЗИКАТА (1975)

Победата на шведскиот квартет ABBA во 1974 година, не беше само директен натпреварувачки удар врз британската музичка гордост, туку имаше и пошироко значение - промоција на таканаречениот европски поп саунд кој навираше од сите страни на Европа. За да биде трагедијата уште поголема, останатите европејци ги „удираа“ Британците со нивното оружје - го користеа англискиот јазик во своите песни. Токму тој јазик беше најексплоатиран на 20-от Евросонг кој се одржа во Стокхолм, Шведска каде учествуваа најголем број на земји дотогаш и каде беше дефинитивно етаблиран таканречениот douze бодовен систем кој претходните години трпеше неколку „ варијации на тема“. Првите луѓе на EBU го промовираа бодовниот систем во кој најдобрата песна добива 12 поени , наредната 10 и така последователно по 1 бод помалку се до последната, најмалку „ симпатичната“ песна. Како вистински кошмар, историјата се повтрои за претставникот на Велика Британија, некогашната група на Cliff Richard - The Shadows. Иако само една година порано групата имаше тешки персонални проблеми кои кулминираа со смртта на гитаристот Rostill кој трагично загина од електричен удар додека свиреше на својата гитара за време на една рутинска проверка. Денес коментаторите кои беа актуелни во тоа време со симпатии се присетуваат на нивната „лимунада“ песна - Let me be the one; која , според нивните изјави, заслужила да го освои првото место. Британските сметки беа нарушени од страна на комплетните аутсајдери, групата Teach In, која песната ја отпеа на комбиниран јазик - холандски рефрен со англиски припев. Со 152 освоени поени, 14 повеќе од второпласираните The Shadows и 37 повеќе од италијанскиот семеен дует Wess & Dori Ghezzi, холанѓаните Teach In на холандската национална радио-телевизија, NOR и ја обезбедија организацијата на наредниот , 21-ви , Избор на Песна на Евровизија. Таа, 1975 година, претставник од просторите на СФРЈ беше словенечката група Пепел Ин Кри кои со 22 освоени бода го завзедоа 13-то место.

КОНЕЧНО ПОБЕДА (1976)

На 3-ти Април 1976 година, холандскиот град Ден Хаг беше домаќин на 18 европски земји кои учествуваа на 21-от Евросонг. Домаќинот, холандскиот национален радио дифузер, не се „потресуваше “ многу поради апстиненцијата на Данска, Шведска и Турција особено затоа што вкупниот број на учесници беше 18. Таа година британците ќе ја паметат по првата победа после многугодишниот „пост“, а италијанците по настапот на нивниот најпопуларен семеен дует. Од просторите на некогашна Југославија беа испратени „Амбасадори“ кои поминаа катастрофално - само 10 поени и претпоследно место за овој босански квартет. За првпат, после многугодишни обиди со познати и признати островски музичари, Велика Британија настапи со групата Brotherhood of Man која беше речиси анонимна. Оформени во 1970 година како сешн дует, за да таа 1976 година , наменски за тој Евросонг, прераснат во квартет кој беше предводен од Martin Lee и Lee Sheriden. Имаа одлично едноставна нумера со „заразен“ рефрен која до ден денес претставува диско-поп стандард. Песната Save Your Kisses For Me во неколку наврати беше избирана за напопуларна евровизиска песна на сите времиња. Свое евровизиско деби имаше и семејниот дует Al Bano / Romina Power кои настапија со песната Noi lo rivivremo di nuovo. Некогашниот ѕидар и монтажер, Albano Corissi во 1968 година дебитираше на италијанскиот фестивал San remo, а две години подоцна оформи брачна заедница со американката Romina Power. На нивно големо разочарување, на овој Избор на Песна на Евровизија со 69 освоени поени се пласираа на 7-то место.

МАЛ ЈУБИЛЕЈ (1977)

Лондон беше домаќин на 22-от Евросонг кој на 7-ми Мај се одржа во Royal Albert Hall. Како по обичај, BBC го организираше овој натпревар на највисоко можно техничко ниво, користејќи дури ТВ камери и голем број светлосни тела. Бројот на земји учеснички остана непроменет во однос на претходната година , со таа разлика што Грција и Турција се „вратија во игра“ додека СФР Југославија не пријави свој претставник. Таа година и Германија се обиде да го исползува „принципот“ на Велика Британија што подразбираше ангажман на некој ,во пошироки размери познат изведувач или група. Во тој период една од најпопуларните женски групи беше триото составено од три американки кои престојуваа во Хамбург, Германија. Работеа под името Silver Convention до тој настап имаа два големи диско хита - песните Fly Robin Fly и Get Up and Boogie, а на тој Избор на Песна на Евровизија настапија со песната Telegram која им го обезбеди само 8-то место. Вистинско изненадување претставуваше францускиот претставник, тогаш 23 годишната Marie Myriam која со својот „кадифен“ вокал одлично ја изполни баладата L'oiseau et l'enfant и која со совоените 136 бода на Франција и ја донесе 5-та победа во историјата на евровизиските избори за најдобра песна.

УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ИЗРАЕЛ (1978)

Франција беше организатор на 23-от Избор на песна на Евровизија која за првпат, на едно место собра 20 земји учеснички, со исклучок на СФР Југославија која од финансиски причини го откажа учеството на тој музички собир. Италија беше претставувана од најдобрата , за тоа време, италијанска група Ricchi e Poveri, квартет кој во тој период зад себе имаше 10 годишна успешна кариера. Тие настапија со песната Questo amore со која освоија 53 поени со што се пласираа на 12-та позиција, а 5 места погоре се најдоа двете Шпанки кои имаа германски пасош а на тој Евросонг настапија за Луксембург. Maria Mendiola и Mayte Mateos кои работеа под името Baccara, на овој фестивал дојдоа како главни фаворити. Нивниот мега успешен хит од 1977 година, песната Yes Sir I Can Boogie, и добрата натпреварувачка песна Parlez-vous francais? беа добра гаранција за одличен пласман, но тоталниот збир на нивните поени беше само 73 поени. Сите претходни калкулации на големите фаворити паднаа во вода кога на сцената се појави 16 годишниот Izhar Kohen кој ја отпеа песната A ba ni bi и како од шега си освои 157 поени, доволни за да на Израел и го донесе организирањето на наредниот, 24-ти Избор на Песна на Евровизија