ОД 78 ДО 82 ГОДИНА

EUROVISION SONG CONTEST (1978)

Мал е бројот на земји - учеснички на најпрестижното и едниственото пан европско музичко натпреварување, Евросонгот, кои успеале да постигнат таканаречена two in-a-row победа, односно две први места последователно. Токму таа ситуација беше карактеристична за наредниот, 24-от Избор на Песна на Евровизија, кој се одржа во Ерусалим, Израел.

ХАЛЕЛУЈА НА ИЗРАЕЛ (1979)

На 31 Март 1979 год., во главниот град на Израел, светото место за повеќе религии, се одржа, за тоа време, од технички аспект најсовршениуот Евросонг. Израелците воопшто не ги штедеа сретствата и човечкиот потенцијал за да напрaваt гала претстава која и ден денес се памети кај сите оние кои во тоа време биле инволвирани. На тој музички саем се собраа 19 земји, меѓу кои не беа Турција , која иако го имаше одредено својот претставник, во последен момент се откажа од учеството, и тогашна Југославија која по вторпат не се појави на Евросонгот. И ова издание на Изборот на Песна на Евровизија имаше свои контроверзни моменти, кои одеа на „душа“ на организаторот, израелскиот претставник. Натпреварувачките правила се јасни и прецизни особено во оној дел кога се инсистира на оригинални и премиерно изведување на една песна на самиот фестивал. Токму таа година, Израелците беа претставувани од победникот на локалниот Избор на Песна за Евровизија (Kdam) , пејачката Gali Atari и групата Milk and Honey , која пак беше оформена наменски за таа прилика. После изведбата на сите композиции и гласањето на секоја земја одделно, најголемиот вкупен збир на поени, 129, стоеше до името на израелскиот изведувач Gali Atari и нејзината група. Црна дамнка на таа победа фрли фактот кој беше обелоденет неколку месеци подоцна и кој велеше дека победничката песна Haleloiah била претходно изведена на некој официјален натпревар или приредба. Тоа се случило една година порано, на израелскиот локален Евросонг кој се вика Kdam, на кој некој машки изведувач ја отпеал таа песна која пак не се квалификувала за финалната вечер. Попусти беа реакциите на останатите изведувачи, особено поради големата поддршка на Израелците oд страна на челниците на EBU. Сепак, „правдата“на некој начин беше задоволена, со тоа што Израел, наводно поради сеќавање на денот на холокаустот, се откажа од учеството и организацијата на 25-от Евросонг.

АФРИКАНЦИ НА ЕВРОСОНГ !!! (1980)

Холандскиот град Ден Хаг беше организатор и домаќин на првиот Избор на Песна на Евровизија во првата година од 80-те години на минатиот век. Благодарение на откажувањето на Израел, Холандската Национална Радио-Телевизија собра на едно место 18 европски и една африканска земја!. Се уште не е позната причината за учество на Мароко и нивниот претставник, пејачката Samira Bensaid, на овој типичен европски музички натпревар. Во секој случај, Мароко ќе влезе во аналите на Евросонгот, како прва и единствена земја која не припаѓа на европскиот континент а учествувала на некој од Изборите на Песна на Евровизијата. Од останатите европски учесници единствен кој може да се пофали со голем успех беше ирскиот претставник Johnny Logan, кој овој натпревар елегантно си го искористи за сопствена промоција во евопските музички води. Sean Sherrard, како што е неговото родено име, во тоа време беше жител на Австралија кој случајно се најде на локалниот, ирски Евросонг и убедливо победи. Конечниот редослед на 25-от Избор на Песна на Евровизија беше : Ирска - 143 поени, Katja Ebstein ( Германија ) - 128 поени и Prima Donna ( Велика Британија ) - 106 поени

НОВА ПОБЕДА ЗА БРИТАНИЈА (1981)

Даблин, 4-ти Април , 1981 година, место каде се одржа 26-от Евросонг. После 3 годишна пасивност, СФР Југославија организираше локален Евросонг, каде Сеад Мемиќ-Вајта со песната Лејла беше избран за претставник на тогашната Југа. На тој натпревар се случи и дебитирање на една нова земја, Кипар кој имаше свој претставник во групата Island и песната Monika. Главниот проблем околу овој настап беше и ден денес нерешениот политички спор на островот Кипар, затоа што на тој Евросонг Кипар беше претставуван од грчката страна. Природно беше да се очекува жешка реакција од страна на Турција во сите сфери на европското живеење, но тоа, за големо изненадување, изостана. Голема радост на сите жители на Велика Британија им приреди групата Bucks Fizz која беше наменски креирана токму за овојнатпревар. Cheryl, (која денес работи како ТВ водител на британската ТВ станица ITV), Mike (после една тешка сообраќајна несреќа остана инвалид ), Jay ( денес е сопственик на мал супермаркет) и Bobby настапија со песната Making Your Mind Up, песна која заедно со нумерата Save Your Kisses For me ( Brotherhood of men) беше честопати прогласувана за најпопуларна песна во историјата на Евросонгот. Покрај нив , голема популарност со самиот нивен настап на Евросонгот постигнаа и : Emly Starr, која денес работи во Швајцарија снимајќи фолк нумери, Lena Valaitis која настапи под германско знаме, денес една од најпопуларните литвански продуценти и Вајта, кој со песната Лејла фактички старуваше со својата не толку лоша југословенска кариера.

17 годишната wonderkid (1982)

„Мешаниот“ лондонски квартет - Bucks Fizz беше главната причина за организација на 27-от избор на Песна на Евровизија во малото индустриско место Харогејт, лоцирано во областа Северен Јоркшир, Англија. Домаќинот, BBC, се соочи со повторна апстиненција на 3 земји : Франција, Грција и Италија, така што вкупниот број на земји учеснички беше 18. Вистинска сензација , или според британската новинарска терминологија - scoop , беше 17 годишниот германски претставник, Nicole Hohloch. Иако пред почетокот на натпреварот беше маргинализирана, младата Nicole одлично ја изведе победничката композиција Ein bi?chen Frieden и освои неверојатни 161 поен, кои можеби и сами за себе не се големо чудо, но во споредба со второпласираната композиција Horh, изведена од израелскиот претставник Avi Toledano, која освои само 100 поени, зборува за тоа дека Nicole е сопственик на рекордот за „победник кој има остварено најголема бодовна разлика со својот директен конкурент“. На овој натпревар имаше и нови лица , како што беше претставникот на тогашна Југославија, женската група Аске, но и стари познаници како што беше пејачката Anna Vishy која за таа прилика ги бранеше боите на Кипар, а само пред 2 години беше грчки претставник. Британците не беа задоволни со настапот и пласманот на нивниот претставник, дуетот Bardo, особено поради фактот што тоа беше „искусен“ евровизиски дует. Таа, Sally Ann Triplet, претходно ја претставуваше Британија како дел од групата Prima Donna и тој, Stephen Fischer кој ја одби понудата да биде дел од супер групата Brotherhood Of Men, освоија само 76 поени доволни за 7-то место.