ОД 92 ДО 94 ГОДИНА

EUROVISION SONG CONTEST (1992)

Благодарение на 3-те последователни победи , Ирците влегоа во историјата на оваа манифестација како земја со најголем број на последователни победи, но и како земја која има капацитети да победи во секој момент. Срамната победа на ирскиот дует Paul Harrington и Charlie McGettigan, кои ја изведоа нумерата Rock'n'roll kids, на Ирска и ја донесе третата организација на Изборот на Песна на Евровизија.

ПРЕДСЕЛЕКЦИЈА ВО ЉУБЉАНА (1993)

Со самото распаѓање на двете европски социјалистички „велесили“, Советскиот Сојуз и СФР Југославија, кај новоформираните земји се појави желбата за учество на Евросонгот. Организаторот , EBU , не можејќи да им удоволи на сите земји претенденти, мораше да организира еден посебен, предселекционен избор, на кој ќе се одлучи кој 3 од вкупно 7-те пријавени источноевропски земји ќе се стекнат со право да учествуваат ан 38-от Евросонг. Таа предквалификација се одржа на 3-ти Април 1993 во Љубљана, Словенија, на која у~ествуваа : Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Естонија, Словачка, Унгарија и Романија. Системот на гласање беше идентичен со оној „официјалниот“, односно секое жири гласаше за најдобриот давајќи му 12 поени, за „вториот“ - 10 и така се последователно до „најлошиот“ кој добиваше само 5 поени. На крајот од гласањето, 3-те земји кои имаа најмногу поени се квалификуваа за Милстрит, Ирска каде на 15-ти Мај истата година се одржа Изборот на Песна на Евровизија. Благодарение на максималните поени , за првпат на еден ваков настан се појавија новите земји, сите некогашни југословенски републики : Словенија, Хрватска и Босна и херцеговина. Што се однесува до самото финале, за одбележување беше моментот на повторно ангажирање на афирмирани и потврдени музички имиња. Австрија повторно му ја укажа својата доверба на , тогаш веќе , „ветеранот“ на Евросонгот, Tony Wegas, додека британците свите надежи ги насочија кон, за тоа време, максимално популарната англиска пејачка - Sonia која ја пееше песната Better the devil you know. Истиот „принцип“ го следеше и организаторот на италијанскиот, локален Евросонг, RAI, кој одлучи да го испрати Enrico Ruggeri кој во тој период го достигна зенитот на својата популарност. Сите прогнози на познатите европски музички критичари говореа за доминантноста на британскиот претставник, пејачката Sonia, или пак предност и даваа на Швајцарката Annie Cotton. Кога дојде тој „d-day“, односно моментот на изјаснување на жиријата на секоја земја одделно ситуацијата беше сосема поинаква - со 182 освоени поени, ирскиот претставник Niamh Kavanagh го освои првото место, второпласирана беше минијатурната Sonia, додека третото место беше резервирано за Annie Cotton и нејзината песна Moi, tout simplement. Крајно неверојтано, но сепак вистинито - благодарение на песната In your eyes, Ирска се стекна со право повторно да биде домаќин на Изборот на Песна на Евровизија.

ХЕТ ТРИК НА ИРСКА (1994)

39-от Избор на Песна на Евровизија се одржа на 30-ти Април 1994 година во главниот град на Ирска, Даблин, а на тој Евросонг, за првпат активно партиципираа земјите : Естонија, Унгарија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Руската Федерација. Спротивно на гореспоменатите земји, Италија се повлече од Изборот, најавувајќи дека италијанскиот национален радио-дифузер, RAI, сака главен акцент да стави на фестивалот San Remo, отколку на некоја „журка на самонаречени искомплексирани музички величини“, како што Италијанците го формулираа Евросонгот. Со тоа воопшто не беше нарушена рамнотежата во бројот на земји учеснички па така конечниот број на оние кои ќе се борат за првата позиција беше 25. Самиот фестивал не „бликаше“ од некој висок кавлитет во поглед на аудио материјалите, но пак затоа визуелниот момент кој беше долovен од страна на Ирската Радио-Телевизија беше на завидно ниво. Што се однесува до „тактиката“ на организаторите на локалните Избори, и овој паt како да беше „договорена“ - без учество на афирмирани и признати музички имиња, што пак од друга страна оставаше простор за дополнителна манипулација. Сигурно дека беше голем предизвик една иста земја три пати последователно да стане победник на Евросонгот, а таа шанса во своите раце ја имаа Ирците. Како што и се претпоставуваше, одговорните луѓе од EBU и ирскиот организатор се „погрижија“ да се оствари нивниот сон. Имено, ирски претставник беше дуетот Paul Harrington и Charlie McGettigan кои ја изведоа песната Rock'n'roll kids, песна која не е достојна да учествува ниту на најлошите македонски фестивали. Не постои друга формулација освен - грев, да му се дозволи на ирскиот претставник да ги освои рекордните 226 поени, за песна која не може да биде споредувана со, како на пример, песните : More than love на малтешкиот претставник Chris and Moira, To nie ja! на полската пејачка Edyta Gorniak или пак на фрацузинката Nina Morato која ја пееше песната Je suis un vrai garcon. Не помогнаа ниту острите коментари на европските музички новинари кои исто така беа запрепастени од таа победа на Ирците, но како што времето одминуваше, Ирската Радио телевизија ги игнорираше сите тие забелешки и си започна со подготовките за 40-от, Евросонг.