НЕШТО ЗА ЕЛЕНА РИСТЕСКА

Елена Ристеска е родена на 27ми Април 1986 година. Студент е на филолошкиот факултет – италијански јазик.

Ексклузивец на М2 стана во 2002 година, по победата на "Потрагата по ѕвезда", кога ја испеа песната "Она другото" и освои најмногу гласови од публиката. Во 2003 година го промовираше својот деби албум "Ден и Ноќ". Има добиено награди за СМС хит на годината за песната "Она другото" од слушателите на "Антена 5" радио, "Пејачка на годината" од гледачите на МС ТВ, "Откритие на годината" од манифестацијата Златна Буба Мара.

Во 2004 год настапуваше на фестивалот "Golden Stag" во Брашов, Романија, а во 2005 на фестивалот "Сунчане Скале" каде ја промовираше песната "Ни на небо, ни на земја".

Досега има снимено многу видео спотови. Исто така Елена има напишано и многу текстови за повеќе пеачи. Наскоро ќе биде промовиран и нејзиниот втор албум. Нејзините видео спотови се вртат на музичкиот ТВ канал MTV Adria.



за ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ кликнете овде