НЕШТО ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонија е средновековни цркви , турски пазари нагризени од времето , православни цркви и супер - модерни трговски центри. Земјата е неверојатно зелена , нејзините луѓе пак гостопримливи и срдечни .

Голем дел од Македонија е висорамнина на висина меѓу 600 м и 900 м (1970 стапки и 2950 стапки ). Реката Вардар сече низ средината на земјата , минуваЌи го главниот град , Скопје , на нејзиниот пат кон Егејското Море близу Солун , Грција . Езерата Охрид и Преспа на југозапад се одливаат во Јадранот низ Албанија . Овие езера се меѓу најголемите на Балканскиот Полуостров , а Охридското Езеро е најдлабокото . На северозапад , шар Планина ја означува македонската граница со Косово , Титов Врв (2750 метри /9010 стапки ) од оваа верига е највисокиот македонски врв. Трите национални паркови на земјата се : Пелистер ( западно од Битола ), Галичица ( меѓу езерата Охрид и Преспа ) и Маврово ( меѓу Охрид и Тетово ).

Скопје е главниот град на Република Македонија . Како најголем град во земјата , тој е политички , економски и културен центар на Македонија . Лежи во горниот тек на реката Вардар и е лоциран на значајна Балканска север - југ врска меѓу Белград и Атина . Првиот впечаток на посетител на Скопје неизбежно е ист : тој е нов и модерен град . Тој е центар за трговија со памук , тутун , жито и живина произведена во околниот регион . Градот исто така има производни објекти за железо и челик , електрична машинерија , хемикалии , текстил , Ќилими и храна .

Тука е седиштето на Македонската Академија на Науките и Уметностите , универзитетот св. Кирил и Методиј , Македонскиот Парламент , Националната и Универзитетска Библиотека , Македонскиот Народен Театар , Македоснкиот Архив , Скопскиот Историски Архив , Универзитетските Болници и Медицинското Учуиличшtе , Македонскиот Музеј , Музејот на Современа Уметност , Музејот на Народна Историја , Националната Уметничка Галерија , Културната Галерија , Музејот за Природни Науки на Македонија , Македонскиот Туристички Информативен Центар , Македонската Православна Црква како и многу странски амбасади и ретставништва .