НЕШТО ЗА МАКЕДОНСКА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА

Македонската Радио Телевизија (МРТ) е јавен радиодифузен сервис , чиј основач е Собранието ( Парламентот ) на Република Македонија.Нејзината дејност се состои во производство и емитување радио и телевизиска програма од сите жанрови : информативен , културно- забавен и образовен карактер за аудиториумот на Република Македонија но и за дијаспората во Европа и прекуокеанските земји преку сателитската мрежа на МРТВ .

Работата на Македонското Радио започнала на 28 Декември 1944-та година , а за официјален почеток на Македонската Телевизија се смета 14 Декември 1964-та година .
Македонското Радио со сигнал ја покрива територијата на цела Р.Македонија и дневно емитува програма на 6 различни канали :

  • Прва програма Радио Скопје
  • В тора програма
  • П рограма на јазиците и националностите
  • Канал 103
  • Радио Македонија
  • Програма од културата-трета програма

Програмата на Македонската Телевизија се емитува на три канал и . МРТ веќе пет годин и емитува сателитска програма .

МТВ емитува програма на јазиците на националностите и тоа на албански , турски , и на влашки , ромски и српски . со информативни делови , документарни , музички и образовни содржини .
Музичката и касетна продукција на МРТ произведува музички материјал од сите жанрови за потребите на програмите на МРТ, продуцира различни носачи на звук и се појавува во улога на организатор на музички манифестации.Маркетингот на МРТ врши услуги во подготовка и реализација на Маркетиншки понуди ( рекламни спотови , комерцијални репортажи , посебни програми ). Преку оваа деловна единица се организира и закуп на програмско време на МРТ за економско пропагандни пораки.Во МРТ се следи и анализира степенот на слушаност и гледаност на програмите на МРТ.